Понеделник, 14 Октомври 2013 17:28

Кедира: На Реал му недостасува тимска игра

После осум одиграни кола Реал се наоѓа на третото место на табелата во шпанското фудбалско првенство, што секако не е резултат каков што очекуваа во „кралскиот клуб.”

“Не играме добро и покрај тоа што има и позитивни работи во нашата игра, тешко доаѓаме до победа. Ми изгледа како секој да игра за себе и дека немаме тимска игра”- изјави германскиот репрезентативец и фудбалер на Реал, Сами Кедира.

“Мораме што побрзо да почнеме да победуваме. Барса е стабилна, а Атлетико во моментов изгледа многу моќно”- додаде Кедира.

Потоа Кедира ја прокоментира одлуката на Реал да го продаде Озил.

“Дали сме ослабени со заминувањето на Озил? Заминувањето на играч од негова класа би била голема загуба за секој тим”- заклучи Кедира.

Поврзани вести

vrekicki

МКинфо - вести